Ова го изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, кој смета дека ретстојната политичка сезона во светот може да се покаже тешка за Украина на дипломатски план, бидејќи во различни земји ќе има повици во врска со потреба од преговори со Руската Федерација, пренесуваат медиуми.



Ќе биде многу тешка политичка сезона, ги предупредувам сите“, рече Кулеба.

Министерот предвидува дека ќе се засилат „повиците“ во различни земји во светот, „дека има „проблеми“, дека се неопходни преговори“.

„Овие повици не доаѓаат од официјални лица, но стануваат се погласни. Ќе направиме се во рамките на меѓународното право и кривичното право за да обезбедиме овие гласови да се замолчат“, нагласи Кулеба.

Во 2022 година претседателот Володимир Зеленски донесе одлука на Советот за национална безбедност и одбрана, кој утврди дека е невозможно да се преговара со Путин.