Украина од утре почнува да увезува гас од Полска соопшти државната компанија оператор на системот за пренос на гас на Украина, цитирана од Ројтерс.
Транзитните оператори на двете земји се согласија за потребата од гарантиран капацитет за увоз на гас, вклучително и од полскиот терминал за течен природен гас.
Украина, која е еден од најголемите потрошувачи на гас во Европа, не увезува природен гас од Русија од 2015 година.







