Украина ја повикува меѓународната заедница веднаш да дејствува

Само обединети и со решителни чекори е начинот на кој можеда се запре агресијата на Владимир Путин против Украина, се вели во апелот на Украина која ја повикува меѓународната заедница веднаш да дејствува.



Нашите партнери мора веднаш да активираат пакет нови санкции против Русија.

Ги повикуваме и пријателските престолнини да продолжат да ги зајакнуваат одбранбените способности на нашата земја со обезбедување оружје и воена опрема.

Нашиот заеднички одговор сега не зависи само од животите и безбедноста на украинските граѓани, туку и од безбедноста на граѓаните на цела Европа и иднината на светскиот поредок.