Украина почна да извезува електрична енергија во Европската унија преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Поминавме важен чекор во нашето приближување кон ЕУ“, изјави синоќа претседателот на Украина.

Зеленски пред два дена кажа дека земјата губи 5 милијардои долари месечно од војната со Русија

„Киев почна значително да извезува електрична енергија на територијата на ЕУ, во Романија“, рече Зеленски, додавајќи дека тоа е „само првиот чекор“.

Како што рече, Украина се подготвува да ги зголеми испораките, како и дека украинската електрична енергија може да замени значителен дел од рускиот гас што го трошат Европејците.

„За нас не е прашање само приход од извоз, прашање е безбедност на цела Европа“, рече Зеленски…