Украина и Русија соопштија за напредок во преговорите

Во неделата, руските и украинските власти дадоа најоптимистички оценки за напредокот во билатералните разговори досега. Информацијата беше објавена речиси истовремено во украинските и руските медиуми. Тие даваат надеж за позитивни резултати во рок од неколку дена.



Украина соопшти дека е подготвена да преговара, но не и да се предаде или да прифати ултиматуми. Мислам дека ќе постигнеме некои резултати буквално за неколку дена“, рече украинскиот преговарач и претседателски советник Михаило Подољак, без да даде конкретни детали.

На Твитер, напиша дека Русија веќе внимателно ги слуша предлозите на Украина. „Нашите барања се – крај на војната и повлекување на (руските) војници. Гледам разбирање и има дијалог“, рече тој.

Новинската агенција го цитираше рускиот делегат Леонид Слуцки, кој рече дека разговорите постигнале значителен напредок.

„Според моите лични очекувања, овој напредок може да прерасне во заеднички став на двете делегации во наредните денови, за потпишување документи“, рече Слуцки. Ниту една страна не посочи колкав би можел да биде опсегот на можниот договор.