Гранатирана е 12-катница во Киев, што предизвикало пожари на неколку ката, се наведува во соопштението на украинската служба за итни случаи.
Зградата е оддалечена само неколку километри од центарот на Киев.Првите информации се дека се повредени две лица. Спасувачките служби извлекле 37 лица од зградата.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, во вториот по големи град Харков се убиени најмалку 500, соопшти денеска украинската државна служба за итни случаи.
Харков е втор по големина град во земјата, со 1,4 милиони жители.
Во повеќедневните гранатирања и напади врз градот уништени се многу згради.







