Украинската амбасада во Израел во петокот ја повика владата да обезбеди помош за еврејската заедница во Одеса, бидејќи градот станува сè почеста цел на руски напади, објави „Тајмс оф Израел“.
Минатата недела, канцелариите на Хилел Интернационал, еврејската организација, беа оштетени во ракетен напад.
„Еврејската заедница во Одеса и понатаму значително страда од руските напади – израелската влада треба да се разбуди! се вели во соопштението на амбасадата во кое се повикува Израел „да не ја напушта вашата заедница во време на нужда“, се вели во повикот од украинската амбасада.
Одеса имаше една од најголемите популации на Евреи во Европа, кои сочинуваа околу една четвртина од населението пред серијата погроми во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин, понекогаш ја користи заканата дека се можни оштетување на украинските еврејски локации за да го привлече светското еврејство…
Израел ги поддржа проукраинските мерки на ОН, вклучително и необврзувачката резолуција на првата годишнина од војната која ја повика Русија да ги прекине непријателствата во Украина и да ги повлече своите сили.
Иако Израел обезбедува хуманитарна помош за Украина, земјата одржува строга политика да не обезбедува воена помош, вклучително и системи кои би помогнале во пресретнување на руски ракети и напади со беспилотни летала.
Се верува дека причината за одлуката на Израел да не ѝ дава воена помош на Украина е стратешката потреба на Израел да ја одржи слободата на операции во Сирија, каде воздушниот простор е главно контролиран од Русија.






