Судот во Украина осуди поранешен полицаец на доживотен затвор, а други двајца се осудени на 15 години затвор, јавува Ројтерс.
Пресудите се за смртта на десетици луѓе застрелани во 2014 година за време на протестите со кои беше соборен тогашниот проруски претседател.
Сите тројца поранешни униформирани лица беа осудени во отсуство од страна на Окружниот суд бидејќи ` беа предадени на Русија во размена на затвореници во 2019 година.
Случајот се однесува на убиството на 48 демонстранти на 20 февруари 2014 година, последниот и најкрвавиот ден од судирите со безбедносните сили за време на протестите во центарот на Киев кои го соборија претседателот Виктор Јанукович по таканаречената Револуција на Мајдан.
Јанукович побегна во Русија.
Во 2019 година, украинскиот суд го осуди во отсуство за предавство и соучесништво во руската инвазија на Крим и источна Украина во 2014 година.
Тој негираше дека сторил кривично дело.






