Американскиот Конгрес одобри 40 милијарди долари помош за Украина кои претседателот Џо Бајден му ја вети на Киев. Тој огромен пакет помош вклучува 6 милијарди долари за опремување на Украина со оклопни возила и зајакнување на нејзината воздушна одбрана во време на жестоки борби на истокот и југот на земјата.
Речиси 9 милијарди долари се наменети за да се обезбеди, меѓу другото, „континуитетот на демократските институции на Украина”, како и голем хуманитарен пакет.
Сенатор ја блокира помошта од 40 милијарди долари за Украина
Нацрт-законот, кој веќе беше одобрен од Претставничкиот дом сега чека потпис од Џо Бајден.






