Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников објави дека моќните американски ракетни системи НАСАМС пристигнале во Украина.
„Погледнете кој пристигна. Системите за воздушна одбрана НАСАМС и Аспид пристигнаа во Украина! Ова оружје значително ќе ја зајакне украинската војска и ќе го направи нашето небо побезбедно.
„Ќе продолжиме да ги соборуваме непријателските цели кои не напаѓаат. Им благодариме на нашите партнери: Норвешка, Шпанија и САД“, објави украинскиот министер.





