Украина реагираше откако Силвио Берлускони се пофали дека примил роденденски подарок – 20 шишиња водка од рускиот нпретседател и откако го пофали Владимир Путин, објави Политико.
„Тој мора да бил под влијание на руската водка“, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
ЕК: Водката од Путин за Берлускони ги крши европските санкции
Берлускони „повторно се поврзал“ со Путин и се опишал себеси како еден од „петте вистински пријатели“ на рускиот претседател, според протечената аудио снимка објавена во италијанските медиуми претходно оваа недела.
Подолијак ја пофали се поизвесната идна премиерка на Италија, крајнодесничарската Џорџа Мелони, која му „удри шлаканица“ на Берлускони по запаливите изјави на поранешниот италијански премиер.







