Пратеникот на Украина, Олексеј Гончаренко, поднесе предлог-резолуција до Парламентот, со која се повикува земјата да ја признае независноста на Косово.
„До украинскиот парламент доставив резолуција за признавање на независноста на Косово. Украина ги споделува западните вредности и ќе ја поддржи демократијата насекаде во светот. Се надевам дека Украина ќе ја признае независноста на Косово што е можно поскоро“, напиша тој на Твитер.






