Европскиот парламент бара построги санкции кон Русија и нови напори за Украина да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ, пишува Дојче веле.
Во резолуцијата усвоена вчера, се повикуваат институциите на ЕУ да ја интензивираат работата за да и се даде на Украина статус кандидат за ЕУ.
Овој процес треба да се заснова на подготвеноста на Украина за овој чекор, но ЕУ треба да продолжи да работи на интеграција на Украина на внатрешниот пазар на ЕУ во согласност со постојниот договор за асоцијација меѓу ЕУ и Украина.
Парламентот силно ја осуди нелегалната инвазија на Русија на Украина и ја повика Русија да ги прекине сите воени активности во Украина.
Резолуцијата, исто така, ја осуди улогата на белорускиот диктатор Александар Лукашенко во оваа војна.
Европратениците ја повикаа Комисијата и земјите-членки да продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за Украина во соработка со хуманитарни организации на Обединетите нации и други меѓународни партнерски организации.
Текстот беше усвоен со 637 гласови против, 13 против и 26 воздржани.







