Се додека Русија окупира Украинска територија помошта од западните партнери не е доволна, им порача украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на западните сили.
Досега западот како помош или заеми на Украина и дал над 70 милијарди евра.
,,Украина е благодарна на партнерите за нивната воена помош, но ние треба да останеме искрени еден со друг: никој не направил доволно се додека руските чизми остануваат на украинска територија. Вооружувањето на нашата земја за победа е најкраткиот пат за враќање на мирот и безбедноста во Европа и пошироко”, вели Кулеба во изјавата која предизвика силно реакции од земјите кои двааат помош на Украина.






