Украина бара Кина да биде гарант за нејзината независност

„Украина во моментов ја испитува можноста за добивање безбедносни гаранции од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и Кина.



Нашиот предлог до Кина да стане еден од гарантите на безбедноста на Украина е знак на нашата почит и доверба во Народна Република Кина“, изјавиуУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за Ксинхуа.

Предлогот за воспоставување механизам за меѓународна безбедносна гаранција за Украина беше официјално претставен од Киев за прв пат за време на разговорите со руската делегација во Истанбул кон крајот на март.

Доколку се воспостави таков механизам, Украина ќе се обврзе, меѓу другото, да не се приклучува на никакви воено-политички сојузи.

Кулеба, ги повика кинеските власти да ја убедат Русија да ја прекине војната. „Повторно ја повикуваме Кина да влијае врз Русија веднаш да ја прекине војната против Украина.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја спомена Кина како една од земјите кои би можеле да станат гарант во идниот договор.

„Решавањето на украинското прашање ќе даде значаен придонес за намалување на воените и политичките тензии во Европа и во светот во целина. Едно можно решение би можело да биде формирање агенција гарант која ќе вклучува постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и Русија. и Кина “, рече Лавров.