Украиа бара 40 милијарди долари за првиот дел од „Зелениот Маршалов план“ за обнова на својата економија, рече Ростислав Шурма, заменик началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, цитиран од Ројтерс.



Светска банка проценува дека обновата на Украина ќе чини 411 милијарди долари – повеќе од три пати повеќе од бруто домашниот производ на земјата. По почетокот на руската инвазија во февруари 2022 г.

Украина веќе доби 59 милијарди долари за своите финансиски потреби.

Шурма истакна дека првиот фокус ќе биде индустријата за призводство на железо и челик и посочи сума од 40 милијарди американски долари за почетните фази на активностите за обновување.

Во 2021 година оваа стопанска гранка учествуваше со околу 10% од БДП на Украина во што е 1/3 од заработката од извозот и вработуваше околу 600.000 луѓе.

Според Шурма, веќе постои можност да се изгради индустрија базирана на обновлива енергија.

„Нашата визија е да изградиме „зелена“ индустрија за челик од 50 милиони тони во Украина“, рече тој.

Ова ќе и овозможи на земјата да стане најевтиниот снабдувач на „зелен“ челик во светот и во голема мера ќе помогне во напорите на Европа за декарбонизација.