Украденото „ауди“ од „Партизанска“ пронајдено во Грчец

Во текот на вчерашниот ден бил пронајден автомобилoт „ауди 6 кватро“, кој завчера бил пријавен како украден на булеварот „Партизански одреди“.



Како што информираат од МВР, во врска со случајот приведен е 34-годишен жител на Грчец со иницијали Н.Ш. За целосно расчистување на случајот бил извршен и претрес во неговиот дом, пренесе МИА.