Украдени 2 тона марихуана од склад во Јосифово!?

Од склад за марихуана во валандовското село Јосифово, маскираниу лица со фантомки однеле поголемо колисчество марихуана, откако успеале да го врзат чуварот, дознава Алфа.



Кражбата којашто се случила минатата ноќ во 3 часот по полноќ вчера била пријавена во Полицијата во Валандово.

Нема детали како крадците успеале да влезат во добро обезбедуваните магацини, а фицијално не е  прецизирано ни количеството на украдената марихуана.

Во јавноста се шпекулира дека станува збор за околу 2 тони.

Од компанијата Херб индустри, од чии магацини е украдена марихуаната, за Алфа одговорија дека во интерес на истрагата не даваат никакви информации