Во голема полициска акција синоќа во селото Арачиново се пронајдени 2-та тона марихуана украдена од склад во селото Јосифово.
Се работи за 2-та тона цвет од марихуана кои пред 2 вечери беа украдени од склад на фирмата Ghio шпедиција, потврдуваат од МВР соопшти Вечер.
По кражбата, камионот од Јосифово бил паркиран на Кванташки пазар во Скопје, а полицијата чекала некој да го превземе, јави 24Инфо.
Синоќа камионот тргнал од пазарот и се упатил во Арачиново, каде требало да биде истоварен. Тогаш интервенирала полицијата, a за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили.
Во полициската акција биле уапсени неколку лица.
Извори од полицијата потврдија за Телма дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.
Според неофицијалните информации кои ги има Вечер.мк, основачи/сопственици на споменатата фирма се адвокат на премиерот и уште тројца струмичани.






