Истрагата на косовската и македонската полиција треба да утврди како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во приватна поликлиника во Приштина.
Сопственик н а поликлинаката „Авицена КС“ е сопственост на бизнисменот Дритон Шуки – македонски бизнисмен.
Веста за украдената опрема и осомничениот скопјанец Шуки, што ја објавија косовските медиуми незабележително помина во земјава. Тој има свој бизнис во Косово и Македонија, а поврзан е и со политичари од двете земји< пренесе РСЕ.
Сопственикот на клиниката, Шуки, како што објави косовската полиција на 17 ноември бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.
„По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело“, се наведува во соопштението на косовската полиција.






