Во некои американски држави почнаа да се затвораат клиники откако Врховниот суд во петокот го укина уставното право на Американките да абортираат.
Се очекува околу половина од сојузните државите да воведат нови ограничувања или забрани откако судот ја укина 50-годишната пресуда Роу против Вејд. Од нив, 13 веднаш ги забраниле абортусите, јави Би-Би-Си.
Американскиот претседател Џо Бајден ја опиша одлуката како „трагична грешка“.
Протести се одржаа во голем број американски градови.







