Укината наградата „Скопје дома“ откако ја доби син на пратеничка !

Град Скопје ја укина паричната наградата од по 100 евра за најкреативна фотографија направена дома додека се вио тек мерките за справување со еподемијата на коронавирусот, откако на социјалнитѕе мрежи граѓани реагираа на тоа кој е еден од добитниците.



Имено добитник на победничка фотографија вчера беше Петар Прентовиќ, син на пратеничката од СДСМ во последниот парламентарен состав, Татјана Прентовиќ.

„Градот ја организираше кампањата на социјалните медиуми за поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови.

Поради појавените негативни коментари и немањето потреба оваа кампања да предизвикува контроверзии во јавноста, решивме од денеска да ја укинеме паричната награда на конкурсот“, велат од Град Скопје.

Било планирано кампањата да трае 30 дена и секој ден да се доделува по една награда од 100 евра. Сега кампањата ќе продолжи, и понатаму ќе се избира најкреативна фотографија, но нема да се доделува награда.

Претходните два дена, награди на конкурсот добија Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.