Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје писмено им се обрати на Владата и на Собранието со свои ставови во врска со преговорите со Бугарија за одблокирање на евроинтеграцијата на Македонија.



„1. Универзитетскиот сенат укажува дека во преговорите со Република Бугарија не смее да се прават компромиси во поглед на антифашистичките темели на македонската држава, олицетворени преку НОВ и АСНОМ.

2. Најостро го осудуваме славењето на соработниците на фашистичките земји од Втората светска војна, посебно на Иван Михајлов, како неуспешен нацистички квислинг.

3. Фашизмот и сите негови соработници се осудени од Европа и не смеат да се рехабилитираат од никого.

4. Изразуваме загриженост во поглед на побараната промена на Уставот на Република Северна Македонија, затоа што таа не се бара да биде насочена кон вградување на бугарско малцинство во Уставот“, се ставовите на Сенатот на УКИМ донесени на неговата седница одржана на 28 април.