УКИМ избира нов ректор

Најголемиот и најстариот универзитет во Македонија, „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од септември ќе има нов ректор, кого денеска ќе го изберат 1.419 професори, асистенти и студенти од 28 факултети и институти во состав на Универзитетот.



Во трка се шест универзитетски професори кандидати:

Билјана Ангелова од Економскиот институт;

Горан Ајдински од Филозофскиот факултет;

Ратко Дуев од Филозофскиот факултет;

Атанас Кочов од Машинскиот факултет;

Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) и

Димитар Ташковски од Факулетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ).

Гласањето ќе се спроведе во периодот од 12 до 14 часот.

Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени до крајот на денов, а во следните три работни дена кандидатите ќе имаат можност и да поднесат приговор.

Доколку има потреба од прегласување, тоа ќе биде спроведено на 9 јуни, а конечните резултати од изборите треба да бидат соопштени на 15 јуни.

Мандатот на новиот ректор на УКИМ ќе започне на 16 септември, со почетокот на новата академска година и ќе трае до 15 септември 2026 година.

Новиот ректор треба да го наследи проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој ја вршеше оваа функција во два мандата и повеќе нема право да се кандидира.