Управата за јавни приходи демантира дека ќе има доцнење на повратот на ДДВ за граѓаните кои скенираат фискални сметки.
Единствената промена, е тоа што наместо досегашните 15 отсто од платениот ДДВ, ќе се враќа 20 проценти од оној за домашни производи и 10 од оној за странски производи.
„Управата за јавни приходи во ниту еден сегмент од текстот со кој најави дека брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, не најави дека ќе има доцнење во исплатата на повратот од Мој ДДВ за второто тримесечје“, гласи демантот на УЈП.





