УЈП ќе објави кои нафтени компании преку малверзации затајувале данок

Управата за јавни приходи за денеска најави дека ќе ги објави доказите за малверзации кои ги правеле нафтени компании во земјава за да затајат данок, дознава Телма.



На почетокот на декември, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во телевизиско гостување откри дека УЈП постапува, анализира и прави попис на фактурите кои биле дел од деловните односи, како и анализа на физичките лица кои стојат зад спорните бензински пумпи.

Опозицијата се обиде да биде побрза од истрагата на даночните инспектори и веќе излезе со обвинувања дека даночниот орган прикрива криминал.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во компаниите често се менувале одговорни лица и сопственици, а во поголем број од случаите, станува збор за лица коишто се од соседни земји и тешко се лоцираат. УЈП ги демантираше ваквите наводи.

Зa власт, изнесените тврдења од страна на опозицијата се мешање во истрагата. Тврдат дека одговорност ќе има за сите вмешани во криминалот.