,,Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.
Предходно газдата на 1ТВ Боки 13 изјави дека не се точни информациите дека е блокирана сметката на телевизијата што ја води.
Семејството Јовановски важи за моќно поради блискоста на синот Бојан со премиерот Заев и неговата сопруга, со специјалната јавна обвинителка Катица Јаневска како и поради мајката Јасминка која е вработена во министерството за Труд и социјална работа.
Јасминка во февруари беше избрана за член на владината комисија за пристап до информации од јавен карактер.





