По неофицијалните изјави дека дека се размислува угостителските објекти да се затворат во периодот од 31 декември до 8 јануари, Независната угостителска комора (НУК) испратила официјално барање да учествува на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести.



„Бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки.

Истовремено да ни се дозволи и овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици, не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија, туку и за сите граѓани на нашата држава“, велат од НУК.