Угледот на најстариот државен универзитет е во слободен пад?!

И по доставувањето на пријавата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Биљана Ангелова, најстариот државен универзитет и неговиот углед се во слободен пад, велат група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои во октомври поднесоа пријава против Ангелова до Државната комисија за спречување на корупцијата.



Тие апелираат до ДКСК, да не подлегнат на притисоците и да го довршат предметот отворен за Ангеловска, до крајот на мандатот на актуелниот состав, а со тоа и да го заштитат интересот на Универзитетот.

“Напомнуваме дека до ДКСК имаме доставено и дополнителни наоди кои се од исклучително сензитивен карактер и кои ги немаме споделено со јавноста до објавување на одлуката на ДКСК, за да не наштетиме на постапувањето на надлежната институција. Надеж за Универзитетот дава изјавеното од ДКСК дека се постапува по пријавата. Се надеваме дека како што тоа го направи и за други случаи, вклучително и за случај со кој се злоупотребуваат универзитетски дипломи и се прават фалсификати, ДКСК јавно ќе се произнесе и за пријавата за сериозните прекршувања на Законот од страна на ректорот на УКИМ” – се вели во писмото.

Целиот текст прочитајте го тука.