УЕФА ја суспендира „нивата со компири“ на Националната арена во Скопје, Струга со Есперанж на ФФМ

Својот натпревар како домаќин против Есперанж од Луксембург во Лигата на конференциите на 10 август од 17 часот фудбалерите на Струга Трим Лум ќе го одиграат на тренинг-центарот на Фудбалската федерација на Македонија „Петар Милошевски“ по суспензијата од УЕФА на Националната арена „Тодор Проески“.



Причина е катастрофалната состојба на теренот на најголемиот стадион во Македонија, за која се пожалија и фудбалерите на Левски кога пред една седмица на него играа против Шкупи, нарекувајќи го „нива со компири“.

Забраната е со цел обнова на тревникот на некогашниот Градски стадион во Скопје за дуелот меѓу Македонија и Италија од квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија, закажан за 9 септември.

Затворањето на Националната арена го погоди и Вардар, кој таму на 13 август требаше да го пречека Шкупи во дербито на второто коло од Првата македонска фудбалска лига, но сега најверојатно ќе мора да игра на својот домашен терен во второлигашкото друштво минатата сезона на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.