Покрај убиените 19 деца во масакрот во Тексасбеа и две учителки кои предавале на деца од четврто одделение во основно училиште -Ева Мирелес и Ирма Гарсија, пренесуваат американските медиуми.



Мирелес работела во училиштето 17 години, изјавила нејзина родмнина. На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мајка и сопруга и дека сакала да трча и да планинари.

„Бесен сум што ова не запира, овие деца се невини, оружјето не треба да биде достапно за секого. Ова е мал град, мој роден град, тешко ми е да замислам сето ова да се случи.
Сè што можеме да направиме е многу да се молиме за нашата земја, државата, училиштата, а особено за семејствата на сите жртви“, напиша тетката на убиената Ева Мирелес во изјава за медиумите.

Ирма Гарсија работела во училиштето 23 години.

„Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница“, напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многу ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“.