Основните училишта во Чаир „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ и официјално добија нови имиња. Тие сега се викаат „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“, објави вчера министерот за образование, Арбр Адеми.



„Откако ги потпишав потребните акти, конечно се реши прашањето со имињата на училиштата во Чаир“, напиша Адеми.

Заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, за ТВ Алсат изјави дека не е запознаена со ваквата одлука и оти тоа не било донесено и со нејзино одобрување.

Не е познато дали овие одлуки поминале и во Советот на општина Чаир, каде за ваква одлука треба да се гласа со Бадентерово мнозинство, односно за преименувањето требало да се изјаснат позитивно и најмалку половина од советниците кои не се Албанци, пишува МКД.Мк.

Рајко Жинзифов (Велес, 15.II.1839 – Москва 15.II.1877) е македонски преродбеник, публицист, писател и поет. преведувач и собирач на народно творештво.

Никола Јонков Вапцаров 7.12.1909 – 23.07.1942) e писател , комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија.