Новогодишната прослава беше одложена во основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола поради дојава на бомба, но наставниците и родителите најдоа решение:
Имено, тие одлучиле приредбата, на која дошол и Дедо Мраз, да се одржи во дворот во куќата на една од ученичките за да не пропаднат подготовките кои траеле цел месец, јавува порталот Деца.
Вчера дојави за бомби на електронските адреси добија две основни училишта во Битола – „Стив Наумов“ и „Тодор Ангелевски“, поради што учениците и наставниците беа евакуирани, а наставата не се одржа.







