Учесник во организација на прославата на македонската независност во 1991 тврди дека екс новинарот а сега директор во државната МЕПСО Љупчо Зиков лаже за настанот од пред 29 години во својот обид да го одбрани Професорот Денко Малески.
Горан Ампов кој работел како дел од логистиката на прославата за референдумот вели дека е неточен наводот за бината за која Зиков тврди дека е донесена од Ниш.
Ампов вели дека бината била во сопственост на фирмата “Биг саунд” и дека таа се користела за голем број други настани во Македонија и пред независноста.
Изворите кој ги наведува Зиков во одбраната го излажале најмалку за една работа вели Ампов.
Текстот на кој реагира Ампов:
Зиков го брани Малески: Ставовите на Денко се ставови за македонската иднина!?






