Денеска основците и средношколците се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари.
Наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 ќе продолжи на 21 јануари, иако имаше барања поради пандемијата, распустот да трае подолго.
Од Министерството за образование се на став дека нема причина за продолжување на распустот, бидејќи училиштата, според МОН, не се ризик за трансмисија на коронавирусот.





