Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на тринеделен зимски распуст, кој ќе трае до 19 јануари. Според календарот на Министерството за образование и наука, наставата продолжува на 20 јануари.
Претходно од министерството информираа дека поместување на зимскиот распуст, односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира, бидејќи како што посочија, состојбата со Ковид-19 и натаму е стабилна.






