Учебник ја шокира јавноста: Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто толку хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?!

Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка? Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка – ова се само дел од прашањата кои им се поставуваат на средношколците кои се решиле да го изучуваат изборниот предмет Образование за животни вештини.



Во работните листови преку прашањата дури и се наведува дека дел херетосексуалците се со ментални нарушувања или пак се ризик за децата во училиштата.

Докторот Александар Митов денеска на својот Фејсбук профил објави учебник со кој ја шокираше јавноста.

Имено, тој укажува оти во учебник по предметот „Образование за животни вештини“ наменет за средношколци има делови од учебникот кои се многу несоодветни за нивната возраст и со кои на некој начин се усмеруваат младите кон хомосексуалност.

РАБОТНИ ЛИСТОВИ ПО ПРЕДМЕТОТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ:

Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи? 

И покрај целата општествена поддршка што се пружа на бракот како институција, стапката на разводи и понатаму расте. Зошто има толку малку стабилни релации меѓу хетеросексуалците?