Заедничкиот интердициплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор, договори наставните програми и учебниците што се во употреба во двете земји да бидат усогласени согласно Преспанскиот договор.



И врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

„Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор.

На Вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка“, се наведува во соопштението на МНР по дводневната средба на Комитетот во Скопје.

Трета средба на Заедничкиот Комитет ќе се одржи на 12 и 13 април во Атина.