Грчката полицијата трага по две лица кои вчера го ликвидираа неформалниот водач на криминалната група „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки, во Сани Вилас, Ханиоти.
Полицајци кои сакалe да останат анонимни, бидејќи не сe овластени да зборуваат официјално за случајот, за Асошиетед прес изјавиле дека веруваат оти станува збор за нарачано убиство.
Убиството на Орхан Бајрами Оки (39), кој беше убиен во Ханиоти, било најавено со видео на Тик-Ток од страна на профил со име „tmeriii0101“, објави порталот 4NEWS.mk.
Профилот е веќе избришан, а според порталот во објавеното видео завчера на фотографија пишува дека Оки е следен на листата за ликвидација.
Во ново видео објавено вчера е соопштено дека Оки е ликвидиран, а има најава за ликвидација на уште две лица.
4NEWS.mk пишува дека профилот не бил нов и дека најавувал и други убиства, а на истиот имало и содржина поврзана со убиство во Косово, но и тоа во Шиша бар во Старата скопска чаршија.







