Убиство во Топанско Поле

Едно лице е убиено во престрелка, која утринава се случила во населбата Топанско Поле, општина Чаир, пренесува ТВ21.



Пукано е во лице со иницијали Е.Б. кое им подлегнало на повредите, јавува МВР.

„На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.