Синоќа околу полноќ, се случило убиство при обид за грабеж во куќа скопско Инџиково, јави порталот „Курир“.
Од Министерството за внатрешни работи за порталот ја потврдиле веста а официјални информации и поединости за настанот ќе соопштат во текот на денот.
Третходно, Алсат телевизија повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен жител кој бил во домот со сопругата и ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.
„Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал“, објави Алсат .
Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.




