Четири лица од муслиманска вероисповед загинаа кога камион влетал во група пешаци во Онтарио, Канада.
Петчлено семејство било на мета бидејќи биле муслимани, објави вчера канадската полиција.
Во инцидентот загинаа четворица членови на семејството, а петтиот е во болница, објави АП.
Нападот се случил во неделата вечерта а чинот се третира за „масовно убиство против муслиманите“, рече градоначалникот на градот Лондон во Онтарио, Ед Холдер.







