Убијците на Вања во Цитроенот можеле да пренесуваат експлозив за терористички напад врз Блинкен и Лавров

Колкав пропуст направило МВР на чело со Оливер Спасовски со тоа што не го барале возилото на убиениот Панче Жежовски од Велес се гледа во опасноста убијците на Вања Мирчевска во Цитроенот да пренесуваат експлозив за терористички напад врз Блинкен и Лавров.



Новинарот Горан Момироски во вечерашното последно издание на емисијата ,,Заспиј ако можеш” анализира колкава е грешката на МВР што Цитроенот ме бил баран веднаш по телеграмата на СВР Велес за возилото на Панче Жежовски.

Телеграмата е издадена на 24 Ноември а Вања беше киднапирана 3 дена подоцна.

Цитроенот на Панче низ Скопје се движел неколку дена пред убиството на Вања и 6 дена пред доаѓање во Скопје на американскиот државен секретар Блинкен, рускиот шеф на дипломатијата Лавров и други 55 високи делегации од членките на ОБСЕ.

Доколку Палевски и неговите помагатели имале политички цели и сакале да направат терористички напад за време на самитот на ОБСЕ тие со пропустот на МВР ќе можеле да го сторат тоа и да убијат голем број дипломати, анализира Момироски во емисијата во која гостин е пратеникот Игор Јанушев кој денеска на оваа тема му поставуваше пратенички прашања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Собранието.

Последното издание на Заспиј ако можеш за годинава е во 22.30 на Алфа ТВ.

На фотографијата е Цитроенот на Панче Жежовски со кој е грабната Вања во моментов кога три дена пред убиството се наоѓа на десетици метри од зградата во која живееше девојчето.

Доколку МВР го барало возилото ќе го нашло пред зградата на Вања и таа ќе беше спасена.