Убиениот во престрелката во Мала Речица е Наип Реџепи со прекар Беланока влијателен член на ДУИ од Куманово.
И ранетиот во престрелката е од Куманово а до инцидентот дошло откако двете ривалски групи ги запреле возилата и почнале да пукаат.
Извори за медиумите на албански јазик велат дека убиениот и ранетиот излегле од седиштето на ДУИ а по вербална расправија и тепачка дошло до пресметка со ножеви и огнено оружје.





