Хрватскиот новинар и воен известувач Хасан Хајдар Диаб тврди дека убиениот ирански генерал Касем Сулејмани бил во Босна во 1993 и 1994 година.
Диаб (56) разговарал со Сулејмани во два наврати, во 2016 и 2017 година, а кога генералот дознал дека неговиот соговорник е од Хрватска, само прашал каква е состојбата во БиХ, пренесува „Вечерњи лист“.
На прашањето на Диаб дали бил во БиХ, Касем одговорил: „Секако дека бев, но многу одамна, во 1993 и 1994 година. Секаде каде на муслиманите им е потребна помош, јас сум тука“, пренесува Блиц.
Кога новинарот, наводно му рекол да се чува, Суклејмани му рекол:
„Моли се да загуинам како маченик, тоа е мојата најголема желба“.





