Убиениот член на ДУИ кој вчера беше жртва на вооружена престрелка пред само два месеци излегол од затвор.
Неип Реџепи бил обвинет за кривично дело поврзано со фирми и активности на кумановски бизнисмен по што бил осуден на казна затвор.
Од затвор излегол пред околу два месеци откако владеачката коалиција го изгласа законот за амнестија со кој 670 затвореници излегоа на слобода.
Веднаш по излегувањето се активира во редовите на ДУИ и започнува да лобира за поголема моќ на една од фракциите на кумановската подружница на партијата.
Тој е од селото Белановце но живеел во Куманово.





