Тројца француски полицајци биле застрелани, а четвртиот ранет откако маж отворил оган од куќа каде требало да интервенираат по повик за семејно насилство врз жена, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека е во тек операција за пронаоѓање на осомничениот напаѓач, јави Ројтерс.
Кога полицијата пристигнала, мажот почнал да пука кон нив, а потоа ја запалил куќата.
Жената, која била пријавена како жртва на семејно насилство, побарала засолниште на покривот од куќата и, според полицијата, била спасена.




