Во Белград синоќа бил застрелан Љубомир Марковиќ – Кича (37) еден од водачите на навивачката група на Партизан.
Медиуми јавуваат дека бил застрелан ладнокрвно со два куршума во главата на бензинска станица во една од белградските населби.
Марковиќ беше познат како еден од навивачите на Партизан кои го усмртија навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон кој беше брутално убиен во Белград.
Првично доби 30-годишна, а потоа 15-годишна затворска казна, за да излезе од затвор во 2017 година.





