Убиен офицерот на „Азов“ кој говореше во грчкиот парламент

Грчки припадник на украинскиот баталјон Азов, кој во контроверзно обраќање се обрати пред грчкиот парламент, загинал во битка во близина на фабриката за челик Азовстал во Мариупол јавува грчкиот медиум greekcitytimes.



Порталот ја цитира телевизијата СКАЈ според која грчкиот војник бил заменик командант на баталјонот Азов во Мариупол и од 2014 година наваму водел кампања против руските говорници.

Во извештајот се вели дека Михаил паднал мртов по битка што се случила во близина на Азофстал, објавил СКАЈ во вторникот наутро.

Медиумот потсетува дека појавувањето на двајцата војници во Парламентот, во контекст на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во грчкиот парламент, предизвика бура од реакции и кај опозициските партии и од поширокото грчко општество.

Во обраќањето самиот војник признал дека му припаѓа на неонацистичкиот баталјон Азов кога зборуваше во грчкиот парламент, кој работи неконтролирано и под покровителство на претседателството Зеленски, убивајќи руски говорници, вклучително и етнички Грци, пишува грчкиот медиум.

,,Само неколку дена пред почетокот на руската инвазија на Украина, Азовскиот баталјон убил Грк и застрелал уште двајца само затоа што зборувале руски, нивниот мајчин јазик како во случајот со повеќето жители во источна Украина, јавуваат грчкиот медиум.