Убиен „киднапер“ на автобус во Љубљана!

Напаѓач кој се обидел да киднапира автобус на градски превоз бил убиен вчера во Љубљана.



Љубљанско “Дело” наведува дека непознато лице се заканил на возачот на автобусот дека ќе го убие и го принудил да го промени правецот на движење.

Весникот пишува дка возачот останал смирен и намерно поминал на „црвено“ на семафор за да ја алармира полицијата.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил и дека бил убиен напаѓачот по повеќе обиди да се запре возилото.